Македонската фудбалска јавност ќе ужива во натпреварите од второто коло на ПМФЛ. Во него екипата на Работнички ѝ гостува на тетовска Шкендија.
Во пресрет на ова гостување, своите очекувања ги изнесе напаѓачот Атдхе Мазари. Тој нагласи дека „романтичарите“ имаат свои амбиции на мечот во Тетово.
„По успешниот старт на сезоната, триумфот над Силекс, атмосферата во тимот е на високо ниво, а ние сме фокусирани да ја повториме таа игра, но и уште подобра, против Шкендија во Тетово. Тие се одличен тим, но и ние имаме свои амбиции и се надеваме на успех на денешниот меч. Свесни сме дека нема да биде лесно, ама од друга страна сме и мотивирани да го покажеме најдоброто од себе“, најави Мазари.
Средбата на „Градскиот стадион“ во Тетово меѓу Шкендија и Работнички се игра во терминот опд 17:00.