Лук Шо очаен: Ова ми е најтешкиот период, не можам да ја прифатам реалноста

by Стефан
1 минути читање

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лук Шо сигурно е еден од најмалерозните фудбалери во изминатите години.

Во натпреварот на Манчестер јунајтед против Евертон конечно влезе во игра во второто полувреме и тоа само неколку дена по изјавата на тренерот Рубен Аморим дека левата бековска позиција во јунајтед е проблематична.

Шо секако може да биде одлична опција, меѓутоа самиот фудбалер потврди дека повторно се повредил.

„Имав многу подеми и падови во кариерата, но сега минувам низ најтешкиот период за мене. Навистина сум очаен и тешко ми е да се помирам со реалноста. Ветувам дека во иднина ќе дадам се од себе и ќе се вратам посилен да му помогнам на клубот“, објави Шо.

Засега не е потврдено кога Шо ќе може да се врати на терените, но се очекува тоа да биде во текот на јануари 2025 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани