448
Хрватската легенда Лука Модриќ е пред продолжување на договорот со Реал Мадрид. Се чека да мине финалето во Лигата на шампионите, а потоа да се потврди новата едногодишна соработка.
Со овој договор, Модриќ е на работ да стане рекордер на „кралевите“. Хрватот во октомври оваа година ќе стане највозрасниот фудбалер кој заиграл за Реал Мадрид.
Доколку дојде до тоа, Модриќ ќе го надмине легендарниот Ференц Пушкаш кој во мај 1966 година заигра за мадриѓани со 39 години и 36 дена против Бетис во Купот. Хрватскиот виртуоз ќе наполни 39 години на деветти септември, па веќе следниот месец ќе има шанса да влезе во историја.