Хрватскиот ветеран Лука Модриќ вечерва во натпреварот против Полска би можел да се израмни со Серхио Рамос по бројот на репрезентативни настапи.
Кристијано Роналдо е светски рекордер со 213 настапи и единствен играч со повеќе од 200 натпревари за својата репрезентација, Серхио Рамос е втор од европските репрезентации со 180. Ако Модриќ вечерва настапи и тој ќе дојде до истата бројка.
Кога се во прашање и репрезентациите надвор од Европа, Модриќ е на 10-тата позиција, пред исто толку има и Андреас Гуардадо (Мексико), па така со настап вечерва со Рамос би го делеле осмото место.
На врвот зад Роналдо со 196 настапи е Бадер Ал-Мутава од Кувајт, па Шон Чин Ан од Малензија со 195, па Меси кој за Аргентина одигра 187, Ахмед Хасан од Египет е на 183, а по 183 имаат Хасан Ал-Хајдос од Катар и Ахмед Мубарак од Оман.