Лукаку: Плачев со седмици по СП 2022, Анри ми се јавуваше трипати дневно

by 24 фудбал
1 минути читање

Ромелу Лукаку се врати во Италија и се обедини со Антонио Конте и сезонава настапува за екипата на Наполи.

Белгискиот напаѓач мина тешки моменти во кариерата, не успеа никако да се наметне во Премиер лигата, а се мачеше и со репрезентацијата на Белгија. Тој беше еден од трагичарите на националниот тим на Светското првенство во 2022 година во Катар со своите промашувања во клучниот меч со Хрватска.

Сега, Лукаку реши да си ја отвори душата и зборуваше за психичката состојба по тој турнир.

„Се надевам дека ќе ја пронајдам страста за репрезентацијата. Следен чекор е Светското првенство за две години, а тоа делува толку далечно. Сакам да се вратам во националниот тим и да бидам лидер. Оваа млада група треба да добие победнички менталитет, можам да им помогнам.

Никогаш не размислував за депресија, меѓутоа плачев со седмици по елиминацијата од СП 2022. Анри ми се јавуваше трипати на ден“, изјави Лукаку.

Во октомврискиот циклус Ромелу Лукаку не отпатува на репрезентативниот повик, со цел да се фокусира на влегување во посакуваната форма, меѓутоа не се откажува од Белгија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани