Лукаку нема среќа: Погледнете поради каков офсајд ВАР му го поништи и третиот гол на ЕП

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Белгија вчера успеаа да ја совладаа Романија со резултат 2:0 и така да направат сериозен чекор кон нокаут фазата на Европското првенство, но во овој натпревар се продолжи и проклетството на Лукаку на ова ЕП.

Лукаку сигурно не можеше ниту да замисли што ќе му се случува во овие први два натпревари на првенството. Во натпреварот против Словачка пропишти неколку добри прилики, а ВАР му поништи два гола. Едниот беше поради милиметарски офсајд, додека другиот поради минимална игра со рака на неговиот соиграч.

Го остави Лукаку тоа зад себе и заигра добро против Романија, меѓутоа и во овој натпревар ВАР беше против него.

Голот кој вчера му беше поништен е поради навистина тешко видлива офсајд-позиција. Сепак, бидејќи на ова Европско првенство се користи најмодерната ВАР технологија нема сомневање дека навистина го имаше.

Треба да се каже и дека Лукаку одигра важна улога во победата бидејќи беше асистент при голот на Тилеманс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани