175
Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку ова лето бараше опција за да замине од Челси, а за него идеално би било да заврши во Наполи.
Сепак, овој трансфер зависи во голема мера од Виктор Осимен. Нигериецот има договор со клубот да го пушти да замине доколку пристигне посакувана понуда, па се бара потенцијална средина за најдобриот играч на Наполи.
Лукаку сака повторно да соработува со Антонио Конте, а подготвен е дури и на сериозно намалување на платата. Во Челси белгискиот напаѓач има високи 11 милиони евра годишни примања, додека во Наполи би прифатил да игра за шест, што е речиси двојно помалку.
Италија е добро позната дестинација за Лукаку бидејќи настапуваше со успех за Интер и Рома.