Луис Енрике: На француски знам само една фраза – ќе победиме!

by riste
1 минути читање

Утре во Париз на програмата е реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд, гостите пристигнуваат со гол позитива.

Борусија Дортмунд го доби првиот меч со 1-0, па ПСЖ нема друга опција освен победа.

„Улогата на навивачите утре ќе биде од клучно значење како што е во текот на целата сезона, не се сомневам дека фановите ќе бидат зад нас. Во Дортмунд атмосферата беше неверојатна, очекувам утре да биде исто на Паркот на принцовите и на крајот сите заедно да славиме“, вели Луис Енрике на денешната прес-конференција.

„On va a gagner“ е единствената фраза на француски што ја знам, што значи ќе победиме. Тренерот е лидер и тој е оној кој мора да генерира самодоверба во неговите фудбалери. Јас работам секој ден за да го постигнам тоа. Идејата е да играме исто како и на првиот меч, нема да го смениме нашиот менталитет воопшто“.

„Целта е да се пласираме во финале и за да го направиме тоа треба да бидеме подобри од одличен тим каков што е Дортмунд. Секогаш има простор за напредок, работевме на тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Аталанта триумфално низ Салерно за круцијални бодови во битката за ЛШ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Аталанта со пресврт се радуваа на многу важна победа со која ја скокнаа Рома во трката за Лигата на шампионите во Серија А. Тимот од Бергамо слави на гостувањето кај Салернитана со 1-2 (1-0), во претпоследниот меч од 35. коло на елитниот калчо ранг.

Домашниот тим успеа прв да дојде до предност. Лум Чауна го матира Карнесеки во 18. минута и донесе радост за навивачите на стадионот „Ареки“ во Салерно. Сепак, Аталанта успеа да го крене темпото и во второто полувреме Гасперини со неколку измени го промени текот на натпреварот.

Израмнувачкиот погодок беше дело на Џанлука Скамака во 57. минута, а само шест подоцна мајсторски гол даде Теун Копмајнерс за 1-2, резултат кој беше активен до крајот на средбата.

Со овој триумф аталанта ја прескокна Рома на табелата, поточно се израмни на по 60 бода, но има и меч помалку во однос на овој ривал. Веќе в недела следи натпревар меѓу Аталанта и Рома, директна битка за Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани