Луд меч: Спортинг водеше со 3-0, на крајот Порто го освои португалскиот Суперкуп! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Ривалите Спортинг и Порто одиграа неверојатен натпревар во португалскиот Суперкуп, тимот од Лисабон прокоцка предност од три гола.

Натпреварот почна како од соништата за Спортинг, со голови на Инасио и Гонсалвеш по неполни 10 минути веќе имаа предност од 2-0.

Во 24. минута Куенда постигна гол и зголеми на 3-0. Во тие моменти се чинеше дека на Порто му се подготвува дебакл.

Но, сино-белите се разбудија, во 28. минута Галено даде гол за 3-1. Со тој резултат се замина на одморот.

Во 64. минута Нико намали на 3-2, а само две минути подоцна Галено со својот втор гол на мечот изедначи на 3-3.

Тоа беше резултатот по 90 минути игра, мечот отиде во две продолженија од по 15 минути.

Во 101. минута Иван Хаиме даде гол за победа на Порто од 4-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани