Парма и Каљари одиграа фантастичен меч со многу возбудувања и пет голови, гостите победија со 3-2.
Возбудувањата почнаа уште во шестата минута кога Мина даде гол за Каљари, но погодокот му беше поништен поради офсајд.
Сепак, гостите дојдоа во водство откако Зортеа погоди во 34. минута. Тоа беше резултатот по првото полувреме, предност за Каљари од 1-0.
Тој резултат беше актуелен до 62. минута кога Мен погоди за Парма и израмни на 1-1, но во 75. минута Марин ја врати предноста на Каљари.
Во 87. минута Хернани од пенал изедначи на 2-2, но домаќините немаа време ниту да се израдуваат, фудбалерите на Каљари тргнаа од центарот и дадоа гол за победа од 3-2.
Ова беше прва победа за Каљари оваа сезона во Серија А.