93
Фудбалерите на Хофенхајм имаат за што да жалат, бидејќи по предност од 3-0 дозволија Вердер Бремен да дојде до пресврт и 3-4 на крајот на петтото коло во Бундеслигата.
Домашната екипа имаше совршен старт, бидејќи со два гола на Бултер и еден на Хложек поведе со 3-0. Тогаш следеше исклучувањето на Нсоки во 18. минута.
Вердер Бремен уште во првиот дел ја анулира негативата, еднаш погоди Малатини, а двапати Јанс Стаге. Норвежанецот беше стрелец и на трет погодок во домашната мрежа, во 49 минута за 3-4. Без поголеми потешкотии до крајот Вердер го одбрани стекнатото водство и победи.