Лудо полувреме во Истанбул: Шоу Мертенс-Осимен и еден спектакуларен волеј! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Фудбалерите на Галатасарај одиграа фантастично полувреме против Тотнем и по првите 45 минути имаат предност од 3:1.

Домашниот тим до водство стигна по само шест минути игра кога Акгун со фантастичен волеј го отвори резултатот. Тотнем се врати во игра во 18. кога Ланшир израмни на 1:1.

Во последните 15 минути од полувремето на сцена стапи екс-тандемот на Наполи Мертенс – Осимен кој креираше два гола за турскиот гигант. Мертенс запиша две асистенции, а Осимен два гола за предност од два гола на паузата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани