Лудо дерби во Франција: Марсеј со играч помалку до пресврт против Лион – два гола се постигнаа по 90. минута! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Големи возбудувања донесе денешното француско дерби помеѓу Лион и Марсеј, а победата на крајот ја однесоа гостите со 3:2 и тоа со играч помалку.

Судијата Бастијен беше немилосрден кон аргентинскиот дефанзивец, Леонардо Белерди кој во првата минута доби жолт картон ,а само четири минути подоцна беше испратен во соблекувалната.

Но, играчката предност не беше проблем за Марсеј да дојде до победата и тоа со пресврт.

Лаказет не реализираше пенал за Лион, но сепак домаќините дојдоа до водство со голот во 53. минута. Со голот на Лирола Марсеј го изедначи резултатот на на 20-тина минути до крајот, а со голот на Гарсија и поведе.

Изгледаше дека тоа ќе биде и конечниот резултатт, но не беше така. Прво Черки изедначи во 93. минута, а Џонатан Роу се погрижи две минути подоцна трите бода одат сепак кај Марсеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани