Лудило во Ирска: На три кола пред крајот шест бода ги делат шест клуба на врвот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Шампионатот на Република Ирска е пред самиот крај, а на три рунди до финишот ситуацијата на табелата е луда.

Имено, во само шест бода раздалеченост се наоѓа повеќе од половина лига. Причината за ваквата зближеност на екипите е формата на водечките две екипи Шелбурн и Дери Сити кои по пет меча немаат победа во првенството.

На лидерската позиција е Шелбурн со 54 бода, следат Дери Сити и Шамрок Роверс со по 52, по 50 имаат Сент Патрик и Галвеј, а Слиго Роверс е на 48. Седмопласираниот Ватерфорд има 44 бода и дури во минатото коло отпадна од трката за тронот.

За ситуацијата да биде уште поинтересна, лигата брои десет екипи…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани