Луда ситуација: Еве зошто Данска заврши пред Словенија

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Данска заврши како второпласирана во групата пред Словенија и тоа во ситуација каква што се уште не е видена.

Англија натпреварувањето го заврши како првопласирана со пет бода. Словенија и Данска имаат по три, а Србија е четвропласирана со два бода и е единствената селекција која вечерва е елиминирана.

Данска и Словенија беа максимално изедначени, имаа три нерешени натпревари, иста гол разлика, ист број на дадени и примени голови и реми 1:1 во меѓусебниот дуел. Имаа дури и ист број на жолти картони. 

Со сето тоа се дојде до деветтото правило кое регулира кој има предност. Тој деветти параметар е учинокот во квалификациите на Европското првенство (тоа не би се сметало ако во прашање беше Германија како домаќин). 

Словенија и Данска кои беа во иста квалификациска група и таму имаа по 22 бода. На крајот Данска е прва поради подобриот меѓусебен дуел. Сепак и Словенија нема за што премногу да жали затоа што како третопласирана оди во осминафиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани