131
Поради повреда Дани Олмо нема да биде во комбинација за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Монако.
Олмо повторно беше стрелец за Барса, погоди и против Жирона и веќе дојде до три голови за каталонскиот клуб. Но овој меч не беше најидеален за него бидејќи заработи повреда.
Се работи за повреда на десното колено со кое и претходно имаше проблем. Не се работи за нешто страшно, но прогнозите велат дека ќе биде во аут од 7 до 10 дена во кои треба да мирува.
Тоа значи дека сигурно ќе го пропушти мечот против Монако од Лигата на шампионите, а веројатно нема да биде во комбинација и за дуелот против Виљареал од Ла Лига следниот викенд.