220
Натпреварот меѓу Колумбија и Уругвај понуди доста интересни моменти. Колумбијците со десетмина издржаа и дојдоа до победата (0-1), ама во финалето ќе бидат без еден од најстандардните во тимот.
Даниел Муњоз направи вистинска глупост во време кога се користи ВАР технологија. Десниот бек на Колумбија по еден дуел го удри Мануел Угарте со лакт во гради.
Пред ударот, фудбалерот на ПСЖ го држеше Муњоз за дрес, па тоа Колумбиецот сакаше да го искористи. Откако го удри противникот, Муњоз го крена дресот и сакаше да покаже дека тој е жртвата. Дури и Угарте да го штипеше, ударот на Муњоз секако беше за исклучување и далеку поголема глупост.