202
Maкедонската фудбалска репрезентација денеска од 18:00 часот ја очекува натпревар против Чешка, а оваа средба сигурно од првата минута нема да ја започне напаѓачот Бојан Миовски.
Од Фудбалската Федерација на Македонија на неколку часа пред почетокот на натпреварот информираа дека Миовски сигурно нема да биде во стартните 11.
Чесите не ги паметиме по добро, со нив последен пат игравме во далечната 2005 година и загубивме со високи 6-1. Вкупно сме играле трипати, имаме два порази и едно реми, а ќе видиме во какво издание нашите фудбалери ќе се прикажат денес.
Овој натпревар за избраниците на Благоја Милевски ќе биде последен пред септемврските натпревари од Лигата на Нации.