Ливерпул во вчерашниот натпревар од Премиер лигата ја совлада Астон Вила со 2:0 и така по поразот на Манчестер сити ја зголеми предноста на врвот на табелата на пет бода.
Сепак, победата „црвените“ скапо ја платија бидејќи се повреди Трент Александер Арнолд. Десниот бек се здоби со повреда на мускулот и мораше да биде заменет кон средината на првото полувреме.
Првите прогнози за Арне Слот и неговиот стручен штаб не се најоптимистички. Арнолд сигурно нема да биде во можност да и помогне на Англија во Лигата на Нации и ќе паузира веројатно околу 20 дена.
Тоа значи дека нема да биде спремен ниту за натпреварот кој Ливерпул ќе го игра со Манчестер сити, но и дербито во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Тие два натпревари се играат по репрезентативната пауза.
Овие два натпревари исто така ќе ги пропуштат голманот Алисон Бекер и Португалецот, Жота.