161
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ја откри понудата која ја доставил за ангажман на Мејсон Гринвуд и се пожали дека Јувентус и Наполи му ја растуриле работата.
„Понудив 25 милиони евра плус бонуси и 50 проценти од следната продажба за Манчестер јунајтед за да го добијам Мејсон Гринвуд“, вели Лотито.
„Неколку клубови се обидоа да влезат во трката само за да ни ја расипат работата и да пропадне трансферот… по Јувентус, истото го направи и Наполи“.