Лопетеги во Вест Хем со себе „влече“ напаѓач од Севиља

by 24 фудбал
1 минути читање

Јулен Лопетеги ќе биде заменикот на Дејвид Мојс на клупата на Вест Хем. Се очекува крајот на сезоната за да се направи тренерската смена кај „чеканите“.

Според шпанските медиуми, стратегот веќе го испланира и првото засилување за новата сезона. Станува збор за фудбалерот со кој соработуваше во Севиља, Јусеф Ен Несири.

Мароканскиот напаѓач игра уште една одлична сезона во дресот на Севиља. Ен Несири на 37 настапи за клубот од Андалузија запиша 17 погодоци и е една од најсветлите точки во „темната“ сезона на клубот. Трансфер во Премиер лигата без сомнеж би бил голем чекор напред за него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани