134
Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили и второ коло во низа стрела во данската Суперлига за својот Сондерјиске, овојпат во ремито против Виборг (2-2).
Откако во минатата рунда Ќамили му даде гол на гигантот Мидтјиланд на гости, сега на домашен терен погоди и во пресметката со Виборг во елитата.
Ќамили добро проследи една акција по левата страна и на пеналтикот ја сочека топката, па ја смести во мрежата за предност од 1-0 во 34. минута.
Иако Сондерјиске водеше со 2-0, на крајот средбата заврши со нерешени 2-2. Резервист на овој меч беше Иван Николов. Младинскиот репрезентативец на Македонија влезе во игра во 59. минута за Сондерјиске. Од друга страна, цел меч на средината го одигра Сефер Емини.