3
Лион се наоѓа во тешка ситуација, му се заканува исфрлање во Лига 2 доколку не го подмири големиот долг кој го има, а ќе добие и забрана за трансфери
Седумкратниот шампион на Франција, Лион е во голема финансиска дупка, има долг од неверојатни 508 милиони евра.
Доколку не го подмири долгот до крајот на сезоната, тогаш ќе биде префрлен во понизок ранг.
Мисијата за да се избегне ваквата казна ќе биде исклучително тешка, клубот ќе мора да ги продава најдобрите играчи во јануари, но тоа нема да биде доволно, паралелно ќе се браат и нови инвеститори во клубот.