410
Дарвин Нуњез ги шокираше навивачите на Ливерпул откако ги избриша сите слики од инстаграм на кои е во дрес од англискиот тим. Тој сака да замине од Енфилд.
Наводно Барселона сака да го ангажира, тоа е дестинацијата каде што напаѓачот сака да замине. Сепак има еден проблем.
Ливерпул не сака да го продаде за сума помала од 85 милиони евра, а тоа е прескапо за Барселона во овој момент која уште излегува од финансиската криза во која западна.
Англискиот клуб за Нуњез плати 85 милиони евра, плус бонуси со кои може цената да стигне до 100 милиони евра. Ливерпул сака да ја извади барем основната сума која ја даде на Бенфика.