Ливерпул конечно се активира, ќе тргне по ѕвездата на Јувентус

by 24 фудбал
1 минути читање

Ова лето Ливерпул е единствениот тим во Англија кој не се засили во летниот преоден рок. Тоа е доста чудно, особено ако се земат в предвид високите амбиции на „црвените“.

По доаѓањето на тренерот Арне Слот, целосниот костур на тимот остана на куп, а клубот како да подзаборави да се засилување. Сега, на крајот на преодниот рок се појави идеја за прво засилување.

Според Фабрицио Романо, Ливерпул отворил разговори со Јувентус за потенцијалниот трансфер на Федерико Киеза. Италијанскиот репрезентативец е на трансфер листата и бара нова средина, се преговара со Барселона, но со каталонскиот тим во моменто преговорите одат бавно.

Ливерпул наводно е сериозно заинтересиран за Киеза и се очекува „напад“ во последните денови од трансфер периодот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани