Вулвс преку Ал-Нури по десетина минути игра во вториот дел дојдоа до изедначување. Трите бода за „црвените“ ги обезбеди Мохамед Салах со голот од пенал.
Со овој триумф Ливерпул го презема врвот на табелата во Премиер лигата, откако денес Манчестер Сити го запиша второто реми во низа одигрувајќи 1:1 со Њукасл.