Екипата на Ливерпул освен што ќе има нов тренер во новата сезона ќе влезе и со нов грб.
Гигантот од „Енфилд“ одлучи да направи промена на клупскиот грб, а причина е дигиталниот маркетинг и прилагодувањето за користење на социјалните мрежи.
„Повеќе од 86% од посетителите на официјалниот сајт и 98% од корисниците на клупските канали доаѓаат од мобилните уреди, па поради тоа потребно е и брендирањето на клубот да биде појасно и повидиливо на помалите екрани“, стои во соопштението.
Сезоната Ливерпул ја започнува со натпревар против Ипсвич в сабота од 13:30 часот.
#Liverpool announce NEW badge! #LFC have changed their badge to the Liver Bird for the upcoming season and will use this as their official logo on all social media platforms…!