ЛЕ: Фенербахче од сигурна позиција си дозволи Мурињо да стравува во последните минути, Ренџерс подобар од Малмо (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Фудбалерите на Фенербахче и Ренџерс славеа победи во денешните натпревари од Лигата на Европа.

Натпреварот помеѓу Фенербахче и Ројал Унион започна со доминација на гостите од Белгија и избраниците на Жозе Мурињо беа во подредена улога. Сепак, како што одминуваше времето Фенербахче ја преземаше контролата.

Од првата посериозна прилика Сојнчу во 26. минута го доведе турскиот гигант во водство и со предност од еден гол заминаа на паузата.

Имаше свои шанси Ројал Унион и во вториот дел, но на десетина минути пред крајот Бургес си постигна автогол за 2:0 резултат. Кевин Мекалистер претходно во 74. минтуа заработи исклучуваање и предвреме бепше испратен во соблекувалната.

Изгледаше дека Фенербахче има се во свои раце, меѓутоа во завршницата гледавме мала драма. Касји Самуел од Фенербахче во период од само три минути доби два жолти картони, а Ројал доби пенал. Ливаковиќ го одбрани ударот од 11 метри, но само некоја минута подоцна Сајкес ја погоди мрежата на хрватскиот голман.

До крајот гостите сепак немаа сили да постигнат втор гол и да дојдат до бод.

Во вториот натпревар Ренџерс славеше победа на гости против Малмо. Уште од првата шанса во првата минута Ренџерс со голот на Недим Бајрами стигна до предност. Конечните 0:2 ги постигна Мекаусланд на 15-тина минути до крајот на средбата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани