Вечерва повторно се играа натпревари од Лигата на Европа, а една од средбите која привлекуваше најмногу внимание беше дуелот помеѓу Рома и Атлетик Билбао.
На крај ова беше натпревар вокој видовме по еден гол на двете страни. Рома поведе во првото полувреме со голот на Довбик, додека Билбао успеа да дојде до бод со погодокот на Паредес во 85. минута.
Имаше и шпанскиот тим свои шанси на натпреварот, но не дојде до реализација, па трите бода останаа во Рим.
Најубедливата победа во денешните натпревари ја оствари Ајакс кој дома го совлада Бешикташ со 4:0. Резултатот беше отворен по половина час игра со погодокот на Фриц Џим и тоа беше единствениот гол по првите 45 минути.
Во второто полувреме преку Годс кој беше двоен стрелеци Тејлор холандскиот тим дојде до убедлива победа.
Во останатите натпревари Брага го победи Макаби со 2:1 Ајнтрахт во натпревар со шест гола ремизираше против Викторија Плзен со 3:3, ФЦСБ дома беше подобра од РФС Рига со 4:1, а Лион со резултат 2:0 се радуваше на триумф против Олимпијакос.
Натпреварот помеѓу Тотнем и Карабах кој почна нешто подоцна заврши со победа на домаќините од 3:0.