177
Maкедонскиот фудбалер и поранешен репрезентативец, Леонард Жута има нов клуб.
Жута кариерата ќе ја продолжи во Хрватска каде што стана фудбалер на тимот на Шибеник. 31-годишниот дефанзивец со Шибеник потпиша договор на една година со можност истиот да биде продолжен.
„Среќен сум што доаѓам во Шибеник каде што досега многу пати сум играл од спротивната страна. Дојде време да го облечам портокаловиот дрес. Знам дека ова е клуб со богата традиција и се радувам на новиот предизвик“, изјави Жута.
За Жута ова е враќање во хрватскиот фудбал каде што претходно го носеше дресот на Ријека од 2015 до 2019 година.