Поранешниот германски голман Јенс Леман (54) за време на Европското првенство пишува свои колумни за „Дејли Мејл“. Во својот текст наведе дека бил на отворањето на турнирот во Минхен кога играа Германија и Шкотска.
На тој натпревар Германците ја декласираа Шкотска со 5:1, Германија на Шкотска и даде три гола уште во првото полувреме. Тој ја опиша репрезентацијата наШкотска како најлоша на турнирот досега.
„Бев во Минхен на отворањето на Европското првенство помеѓу Германија и Шкотска и мислам дека Шкотска е најлошата репрезентација на првенството. Шкотските фудбалери играа срамно и разочарувачки. Имаат фантастични навивачи, а тие беа многу лоши. Би сакал да поминат во следната фаза, но не гледам како тоа може да се случи. Натпреварот за Германија беше како тренинг“, изјави Леман.
Леман во период помеѓу 1988 и 2011 година бранеше за Шалке, Милан, Борусија Дортмунд, Штутгарт и Арсенал, Кариерата ја заврши во лондонскиот клуб.