Легија го изненади Бетис во Конференциската лига (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Легија Варшава го изненади Бетис на стартот од Конференциската лига и славеше победа од 1:0.

Бетис допатува како фаворит во Полска, но на теренот Легија успеа да биде подобра и да слави победа. Единствениот гол на натпреварот го постигна Капунди во 23. минута.

Вистинска голеада видовме на натпреварот помеѓу Серкл Бриж и Сент Гален кој домаќините го добија со 6:2.

Омонија на свој терен беше убедлива со 4:0, додека Молде со 3-0 го совлада Ларне. Екипата на Бачка Топола од Србија со пораз се враќа од гостувањето кај Астана (1-0), а со резултат 1-2 Харс беше подобар од Динамо Минск на гостински терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани