93
Лукас Подолски имаше проштален натпревар во Келн, а дел од него беа легенди како Матс Хумелс, Мануел Ноер, Ханси Флик, Пер Мертесакер и Јоаким Лев.
Пензионираниот напаѓач по крајот на кариерата се врати во родниот град Гливице и објави интересна фотографија од рудник. Подолски напиша покрај фотографијата: „Никогаш не заборавајте од каде доаѓате“.
Еден од највпечатливите коментари беше: „Роналдо, Меси, Винициус или Белингем ова не би го направиле. Подолски остана на земја, тој е еден од најголемите примери“.
Подолски во својата кариера играше за Келн, Арсенал, Интер, Галатасарај, Висел Кобе, Анталијаспор, Горник Забрже, а најголем успех во кариерата му беше златото на Светското првенство во 2014 година.