Фудбалерите на Реал Мадрид вчера славеа победа од 4:0 над Осасуна, но во овој триумф повреди заработија Милитао, Васкез и Родриго.
Најлоша е ситуацијата со Милитао кој по вторпат во две години ги скина лигаментите и за него сезоната е завршена. Ваквата лоша вест за Реал Мадрид пристигнува во моменти кога Давид Алаба и Чуамени кој во минатата сезона играше и како дефанзивец се надвор од терените.
Анчелоти има сериозни проблеми во составувањето на последната линија, а легендарниот Гути смета дека единствено решение е клубот да го врати Серхио Рамос.
„Најдобрата опција за нив е да го вратат Серхио Рамос. Тој е без клуб, но се грижи за својата физичка форма. Легенда е на Реал Мадрид и знае што значи да се носи дресот на Реал Мадрид“, изјави Гути.
По 12 кола Реал Мадрид е на втората позиција на табелата во Ла Лига со шест бода помалку од Барселона.