119
Утрово македонската фудбалска репрезентација го одработи последниот тренинг пред гостувањето кај Летонија со која играме в четврток (10 октомври).
На тренингот избраниците на селекторот Благоја Милевски имаа и специјален гостин – првиот селектор во историјата на македонската репрезентација.
Легендарниот Андон Дончевски ги посети фудбалери и им посака да се вратат со шест бода од двете гостувања. Покрај натпреварот со Летонија, Македонија три дена подоцна ќе игра и против Ерменија во Ереван.
Во овие два натпревари влегуваме како лидери во нашата група и целта е таму и да останеме.