289
Легендарниот хрватски стратег Игор Штимац повеќе не е селектор на Индија.
Штимац доби отказ од функлцијата по слабите игри на оваа селекција во последно време. Цели пет години Хрватот имаше успешна соработка со оваа репрезентација, но сега имаше блед настап во последните квалификации за СП 2026.
Индија во последното коло изгуби од Катар и така остана без шанса за пласман на Мундијалот.
На кормилото на Индија, Штимац седна во 2019 година. Во кариерата како селектор кратко ја водеше и Хрватска од 2012 до 2013 година.