Поранешниот капитен на бразилската репрезентација кој беше и селектор на Бразил, Карлос Дунга доживеал тешка сообраќајна несреќа во која за среќа излегол без последици.
На меѓугратски пат во Бразил, Дунга ја загубил контролата над своето возило и се превртел.
Возилото е ептен оштетено, до степен да не е употребливо повеќе, вистинска среќа е што Дунга минал без сериозни последици. Со него била и неговата сопруга која исто така минала без сериозни повреди.
Дунга за Бразил одигра 91 натпревар, постигна 6 голови, како капитен го крена пехарот од Светското првенство во САД 1994 година. Тој беше селектор на Бразил од 2006 до 2010 и од 2014 до 2016. Во клупската кариера настапуваше за Интернасионал, Коринтијанс, Сантос, Васко де Гама, Пиза, Фиорентина, Пескара, Штутгарт, Џубило Ивата и повторно за Интернасионал.