Полскиот напаѓач Роберт Левнадовски игра како во најдобрите денови и не помислува да ја промени средината, дури и ако Барселона му ги намали примањата со новиот договор.
Најдобриот фудбалер во шпанската Ла Лига за октомври ќе стави потпис на нов договор со Барселона.
Каталонскиот клуб е убеден дека 36-годишниот напашаѓач ќе прифати продолжување на соработкатан а уште една година.
Засега не е познато за колку, но „Диарио Спорт“ открива дека Левандовски веќе бил известен и тој нема никаков проблем да прифати драстично пониска плата.
Сезонава во дресот на Барселона Левандовски постигна 14 голови и запиша две асистенции на 12 натпревари во Ла Лига, а беше и најдобар на теренот во „Ел Класико“ во кое Барселона на гости го декласираше Реал Мадрид со 4:0.
Полскиот голгетер е ефикасен и во Лигата на шампионите каде што на четири натпревари постигна пет погодоци.