Германскиот фудбалски клуб РБ Лајпциг е оптимистичен дека ќе постигне договор со ПСЖ за и следната сезона да го има Чави Симонс во своите редови.
Младиот фудбалер за врска одигра одлично Европско првенство. Со својата Холандија стигна до полуфиналето и беше еден од најдобрите поединци во тимот на Роналд Куман.
И минатата сезона Симонс блескаше играјќи за Лајпциг, па клубот се обидува да го доведе на уште едногодишна позајмица. ПСЖ нема во план да го продаде младиот фудбалер, меѓутоа не би имал против уште една позајмица. Конкуренција и проблеми за Лајпци прави Баерн Минхен, меѓутоа во Лајпциг се оптимисти дека ќе ја завршат задачата.
Токму Симонс ќе му биде конкуренција на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас кој минатата сезона во пролетниот дел беше во втор план кај тренерот Марко Розе.