Лацио ја најде замената за Имобиле

by Стефан
1 минути читање

Калчолигашот Лацио ја доведе замената за Чиро Имобиле кој се пресели во Бешикташ.

Ново име во тимот на Maрко Барони е Булаје Дија кој пристигна од екипата на Салернитана.

Сенегалскиот фудбалер во Лацио пристигнува на позајмица, но небесносините ќе имаат обврска да го откупат неговиот договор за 11 милиони евра. Покрај Салернитана, Диа претходно играше за шпански Виљареал.

Своето деби во дресот на Лацио би можел да го има веќе во мечот со Венеција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани