96
Јувентус триумфира во дербито на саботниот ден во Серија А, минимално со 1-0 против екипата на Лацио.
„Старата дама“ веројатно заслужи да победи, меѓутоа Лацио имаше перфектен дефанзивен перформанс сè до пред самиот крај. Клучен детаљ на средбата беше исклучувањето на Алесио Ромањоли кој доби црвен картон уште во 24. минута.
Потоа Јувентус се наметна и беше подобар тим на теренот, ама не можеше лесно да го пробие отпорот на гостите. Се чекаше до 85. минута за да се скрши отпорот на Лацио и тоа дојде преку автогол на Марио Гила по еден центаршут.
Јувентус дојде до четвртата сезонска победа и има 16 бода на второто место.