Лацио го елиминира Наполи на Конте од Купот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Лацио приреди своевидно изненадување и го исфрли Наполи од осминафиналето на Купот, совладувајќи го со 3-1 на својот „Олимпико“.

Натпреварот почна со промашен пенал на Закањи, поточно одбрана на резервниот гостински голман Каприле. Предност на Лацио му донесе младиот Тијани Нослин во 32. минута, а само четири подоцна Симеоне израмни (1-1).

Тогаш продолжи шоуто на Холанѓанецот кој даде хет-трик. Нослин стрела пред паузата во 41. минута, а потоа третпат и во 50. за точка на победата на неговиот тим.

Во следната фаза Лацио ќе чека да се одигра дуелот на Интер и Удинезе, па ќе вкрсти со победникот во четвртфинале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани