Лаутаро донесе три бода за Интер против Венеција, ВАР драма во 98. минута со среќен крај за нероазурите (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Интер со гол на Лаутаро Мартинез во второто полувреме ја победи Венеција со 1-0, гостите изедначија во 98. минута, но радоста им ја скрати ВАР со чија помош беше поништен голот.

Интер потешко од очекувањата ги освои бодовите против Венеција.

Нероазурите создадоа доволно шанси, но само еднаш постигнаа регуларен гол. Во 65. минута Лаутаро Мартинез реализираше за 1-0.

Претходно гол даде и Мхитарјан, но му беше поништен поради офсајд.

Во 98. минута Шверко постигна гол за Венеција по што почна голема радоста кај фудбалерите на овој тим, но погодокот беше поништен со ВАР. Топката падна врз раката на Шверко која беше потпрена на рамото на Бисек. Поради игра со рака беше поништен голот.

Со денешните три бода Интер се доближи на само бод до Наполи кој загуби од Аталанта во ова коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани