Виктор Ѓекереш дефинитивно е најпосакуваниот напаѓач во Европа, Швеѓанецот блеска во дресот на Спортинг и е желба на многу гиганти.
Барселона веќе подолго време се поврзува со неговото име, а во клубот веруваат дека и покрај финансиските проблеми можат да го доведат.
Наводно, првиот човек Лапорта веќе направил и план. Намерата на Лапорта според каталонскиот „Спорт“ е за Ѓекереш да плати 70 милиони евра во летото кое следи, но Ѓекереш да остане уште една сезона во Спортинг како позајмен фудбалер.
Тоа секако би му одговарало на португалскиот клуб затоа што би остварил одлична заработка и би го задржил својот најдобар фудбалер барем уште една сезона. Од друга страна Барса не сака да го доведе додека Левандовски е во добра форма и постигнува голови за да нема потреба да ја дели минутажата. Договорот на полскиот напаѓач истекува во 2026 година.
Сезонава Ѓекереш постигна 24 гола и додаде четири асистенции во сите натпреварувања на 19 настапи.