170
Репрезентациите на Англија и Шпанија ќе ги одмерат силите во финалето на Европското првенство во Германија.
Откако пред два дена Шпанците ја победија Франција со 2-1, со ист резултат вчера Англичаните беа подобри од Холанѓаните. Со головите на Хари Кејн и Оли Воткинс селекцијата на „Трите лава“ се пласира во мечот за трофејот в недела во Берлин.
Досега никогаш Англија и Шпанија не играле меѓусебно финале на големите натпреварувања.
Сепак, интересно е дека минатата година тие се судрија во финалето на Европското првенство за играчи до 21 година. Англија тој меч го доби со минимални 1-0.