Ламин Јамал, сензационалниот напаѓач на Барселона и Шпанија кој блеска на Европското првенство утре полни 17 години, а сега се појави интересна информација поврзана со неговите лични податоци.
Имено, таткото на Јамал, Моунир е од Мароко, додека неговата мајка доаѓа од Екваторијална Гвинеја. Во знак на почит кон неговото потекло, Јамал на копачките носи знамиња на овие држави.
„Мундо Депортиво“ денес објави малку позната информација за личните податоци на Јамал. Интересно неговото презиме не е ниту Ламин, ниту Јамал – тоа е само неговото име.
Според законите во Шпанија тој има две презимиња, едно од таткото и едно од мајката. Неговото прво презиме според таткото е Насрауи, додека од мајката второто е Ебана. Сепак играчот инсистирал на опремата во клубот и репрезентацијата да стои само неговото име.