Српскиот фудбалер, Лазар Самарџиќ е пред трансфер од Удинезе во Аталанта, со него никогаш не е сигурно додека не го потпише договорот, но веројатно овојпат ќе се комплетира зделката.
Со цел да не се повторат грешките од минатото, Самарџиќ ова лето го смени неговиот агент, односно таткото кој претходно го продаваше, а поради својата алчност му ги расипа трансферите.
Првиот пропаднат трансфер на Самарџиќ беше во Интер пред една година кога агентката Пимента ги договори сите детали, Србинот ги помина медицинските тестови и требаше само да го потпише договорот, но тогаш неговиот татко побара повеќе пари и зделката пропадна.
Во јануари од слични причини му пропадна трансферот во Наполи. За него се интересираа и Милан и Јувентус, но никој не успеа да се договори.
Конечно, Самарџиќ оди во Аталанта, ќе потпише за тимот од Бергамо како наследник на Копмајнерс кој оди во Јувентус.