Куп на Македонија: Прволигашите ќе се обидат да не дозволат изненадување

by Стефан
2 минути читање

На македонските фудбалски терени денеска на програмата се дуелите од 1/16 финалето во Купот на Македонија каде што има неколку интересни пресметки.

Екипата на Вардар ќе биде гостин на Новаци и во дуелот ќе влезе како фаворит, а овој натпревар ќе биде втор за тренерот Срѓан Захариевски на клупата на црвено-црните. На дебито на Захариевски, Вардар ремизираше со Гостивар во дуелот во Маџари.

Внимание привлекува и дуелот на битолски Пелистер кој гостува на Скопје. Од останатите прволигаши: Гостивар ќе биде гостин на Победа, Шкупи оди на дуел со Џепиште исто така на гостински терен, Брера ќе игра во Неготино против Вардар, Шкенија е голем фаворит против тимот на Јени Мале, Башкими ја пречекува Воска Спорт, Беса оди во Охрид, Струга ќе ги одмери силите со Слога 1934…

Сите натпревари се играат од 15:00 часот.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/16 ФИНАЛЕ:

ПОБЕДА – ГОСТИВАР

ЏЕПЧИШТЕ – ШКУПИ

КОЖУВ – АРЕСИМИ

ВАРДАР (Н) – БРЕРА

ЈЕНИ МАЛЕ – ШКЕНДИЈА

ФК СЛОБОДЕН – ФК БРЕГАЛНИЦА

БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

БАШКИМИ – ВОСКА СПОРТ

ОХРИД – БЕСА

ШКЕНДИЈА (А) – РАБОТНИЧКИ

КАРБИНЦИ – СИЛЕКС

БОРЕЦ – ДЕТОНИТ

СЛОГА 1934 – СТРУГА ТЛ

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

НОВАЦИ – ВАРДАР

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани