100
Денеска во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија беше одржана ждрепката за осминафиналето во Купот на Македонија.
За најголеми дерби може да се смета дуелот помеѓу Вардар и Тиквеш, а тука е и пресметката помеѓу Силекс и Шкупи. Третолигашот Шкендија Арачиново кој во претходната фаза приреди изненадување и го елиминираше Работнички се игра против тетовската Шкендија.
БРЕРА Академија Пандев – БЕСА
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА
ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ Плачковица
ШКЕНДИЈА – ШКЕДНИЈА Арачиново
СТРУГА Трим Љум – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
СИЛЕКС – ШКУПИ 1927
АРЕСИМИ – ВОСКА Спорт
Натпреварите се играат на 23. октомври 2024. во 14:00 часот.