Куп на Македонија: Вардар и Пелистер против второлигаши, ланскиот финалист против Башкими

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија го одржа извлекувањето за првата рунда во најмасовното наше натпреварување – Купот на Македонија.

Трофејот од минатата сезона ќе го брани екипата на Тиквеш и во шеснаестина финалето е слободна, па ќе се вкучи во осминафиналната фаза. Ланскиот финалист Воска ќе игра со второлигашот Башкими, Вардар оди на мегдан кај Новаци, Пелистер против Скопје, Силекс против Карбинци…

  • Парови за првото коло во Купот на Македонија:

Победа – Гостивар
Џепчиште – Шкупи
Кожув – Арсими
Вардар Неготино – Брера
Јени Маале – Шкендија
Слободен – Брегалница
Беласица – Македонија ЃП
Башкими – Воска Спорт
Охрид – Беса
Шкендија Арачиново – Работнички
Карбинци – Силекс
Борец – Детонит Плачковица
Слога Виница – Струга Трим Љум
Скопје – Пелистер
Новаци – Вардар

Натпреварите се закажани за 18 септември во терминот од 15:00 часот. Се игра еден меч, а доколку по 90 минути е нерешено се пристапува кон шутирање на пеналите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани